Политика на приватност
Оваа Политика на приватност содржи објаснувања за обработката на личните податоци при посета и/или користење на интернет услугите достапни на нашата веб страница www.elbosoftconsulting.com.
ЦЕЛИ И НАЧИН НА ОБРАБОТКА
Предмет на обработка се податоци за посетителите на веб страницата www.elbosoftconsulting.com и купувачите на производи преку оваа веб страница (во понатамошниот текст “корисниците“).
За успешно реализирање на нарачките, неопходно е да ги обработуваме податоците за име и презиме на нарачателот, адреса за доставување, е-маил адреса и број на телефон. Со помош на споменатите податоци можеме да ги испорачаме саканите производи, како и да ги известиме купувачите за моменталниот статус на нарачката. Во име на групацијата Елбософт консалтинг се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на сите наши купувачи. Ги собираме само наведените основни податоци за купувачите (корисниците) кои се неопходни за постапување по нарачките и информирање на корисниците согласно добрите деловни обичаи и со цел давање квалитетна услуга. Во случај на враќање или замена на производи ги обработуваме податоците кои се неопходни за постапување соодветно на барањето на купувачот. Сите податоци за купувачите/корисниците грижливо се чувани од губење, уништување, фалсификување или неавторизиран пристап. Вработените во групацијата Елбософт консалтинг се обврзани да ја почитуваат доверливоста на вашите податоци и да ги спроведуваат мерките за нивна заштита.
Покрај наведените податоци, собираме, анализираме и обработуваме податоци во врска со производите кои нашите корисници ги пребаруваат и ги купуваат, како и страниците кои ги посетуваат. Добиените податоци ги користиме со цел да ја подобриме понудата и изгледот на нашата веб страна и да им овозможиме на посетителите едноставно користење и сигурно и лесно купување.
Личните податоци се обработуваат на совесен и транспарентен начин, согласно важечките прописи за заштита на личните податоци, во мера која е потребна и доволна исклучиво за остварување на целите на обработката на личните податоци.
При обработката на личните податоци се преземаат потребните технички и организациски мерки за да се обезбеди соодветно ниво на безбедност на личните податоци, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка, како и нивно случајно губење, уништување или оштетување.
Личните податоци кои се обработуваат не се споделуваат со трети лица освен кога за тоа постои законска обврска и законски основ, исклучиво во случаите, на начин и во постапка како што е определено согласно со важечките прописи за заштита на личните податоци. Освен тоа, кога за потребите на испорака на нарачаните производи до купувачите ќе бидат ангажирани овластени субјекти за вршење на поштенски услуги, истите како обработувачи се обврзуваат да обезбедат заштита на личните податоци кои е потребно да бидат обработувани во процесот на давање на нивните услуги.
Веб страницата www.elbosoftconsulting.com не е наменета за лица под 14 години. Елбософт консалтинг нема за цел да прибира и обработува лични податоци на лица под 14 години. Во случај лице под 14 години да ги доставило своите лични податоци без согласност на неговите родители и/или старатели, треба веднаш да бидеме известени преку контактот наведен подолу.
Веб страницата www.elbosoftconsulting.com користи „cookies“ односно “колачиња“ за да им помогне на корисниците да го прилагодат користењето на интернетот на своите потреби. “Cookie“ е текстуален фајл кој се доделува на хард дискот на компјутерот на корисникот од страна на мрежниот сервер. “Cookies“ не можат да бидат искористени да стартуваат програм или да пренесат вирус до компјутерот на корисникот. Тие се доделуваат единствено на корисниците и можат да бидат прочитани од страна на мрежниот сервер во доменот кој Ви ги пратил. Една од основните намени на “сookies“ е да Ви обезбеди погодности кои ќе Ви заштедат време. Деталите за Политиката за колачиња се достапни на следниот ЛИНК.
Личните податоци кои се обработуваат преку веб страницата www.elbosoftconsulting.com може да се користат за директен маркетинг единствено по дадена согласност од страна на лицата чии податоци се обработуваат. Ова се однесува и за податокот за датум на раѓање, кое поле не е задолжително при процесот на регистрација, а корисникот може да го пополни за и овој податок да биде користен за цели на директен маркетинг. На корисниците им даваме можност за избор, вклучувајќи можност во секое време да ја повлечат дадената согласност за обработка на неговите лични податоци за цели на директен маркетинг. Деталите за Политиката за користење на личните податоци за цели на директен маркетинг се достапни на следниот ЛИНК.
Личните податоци доставени преку веб страницата се чуваат онолку време колку што е потребно за исполнување на целите поради кои се обработуваат личните податоци, при што се применуваат следните рокови:
- податоците дадени за реализација на нарачки и плаќање се чуваат до завршување на административните и сметководствени процедури, додека податоците за задолжувањата за плаќање се чуваат 10 години од денот на издавање на сметка / фактура;
- податоците дадени поврзано со процедури за враќање или замена на производи се чуваат до истек на законските рокови за рекламации и замена;
- податоците дадени при регистрација, најава, како и за маркетинг цели се чуваат до повлекување на согласноста, односно до спроведување на барање за бришење на податоци;
- податоците дадени при аплицирање за вработување се чуваат 1 година од поднесувањето или до спроведување на барање за бришење на податоци.
ПРАВА НА КОРИСНИЦИТЕ
Корисниците имаат право да бидат информирани за обработката на нивните лични податоци, како и имаат право да побараат пристап, исправка или бришење на личните податоци, ограничување на обработката на нивните лични податоци или да поднесат приговор.
Корисниците имаат право во секое време да ги повлечат дадените согласности во врска со обработката на нивните лични податоци.
СОГЛАСНОСТ И ПРОМЕНА НА УСЛОВИТЕ
Користењето на нашите услуги подразбира согласност на корисникот со наведените услови на користење. Се обврзуваме дека ќе се придржуваме до сè претходно наведено, а сите промени на условите стануваат важечки дури по објавувањето на оваа веб страница.
УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ
Елбософт консалтинг Ви овозможува користење на услуги и содржини на својата веб страна во согласност со долунаведените УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ. Условите на користење се применуваат на сите содржини и услуги на веб страната www.elbosoftconsulting.com.
Користењето на оваа веб страница значи дека сте запознаени со овие услови доколку го користите било кој дел од нашиот портал, како и дека прифаќате дека користењето на оваа веб страна е единствено за лична потреба и на сопствена одговорност.